За синдикатите неприфатливи предлозите за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава

Од:

Синдикатите сметаат дека новата методологија што ја предлага Владата за платите во јавниот сектор може да биде трајно решение, но велат дека е предолг периодот од пет години за усогласување на Општиот колективен договор, како што е предложено во неа. Пред почетокот на денешната седница на на Економско социјалниот совет (ЕСС) порачаа дека нема да ги прифатат предлозите што им ги нуди Владата за зголемување на платите во јавниот сектор за годинава.

-Нашите барања ние јавно веќе ги презентиравме и доставивме и до Владата и до Министерството за труд и социјална политика – моделот минимална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места. Предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места што значи тука сме некаде. Меѓутоа, она што е сламка на спрепнување, тоа е долгиот, предолгиот период на усогласување на плативе, тоа е нивниот предлог од пет години. Дефинитивно ова за нас како СОНК и како Конфедерација на слободни синдикати е неприфатлив, изјави Јаким Неделков, претседателот на СОНК пред почетокот на седницата на ЕСС.

Нагласи дека најмалку што во моментов за нив е прифатливо е усогласување на платите во нивните дејности и во јавниот сектор, за 12,55 проценти, односно за онолку колку што во март годинава порасна минималната плата.

-Од таа причина, очекувам тоа да биде разумниот минимум 12,55 проценти за оваа година, и дополнително усогласување на платите за онолку проценти колку што практично инфлацијата ги изеде платите во изминативе неколку години, т.е. минималната плата порасна во однос на реалните плати согласно Колективниот договор, рече Неделков.

Посочи дека сега конечно Владата го прифатила нивното укажување дека е апсолутно погрешна методологијата линеарно да се зголемуваат платите.

-Конечно и Владата сфати дека тоа е навистина грешка и дека со таквиот систем наместо да се избегне урамноловката, се продлабочува. За некого 12,55 проценти зголемување на плати, за некого 6 проценти зголемување на платите, тоа апсолутно е неприфатливо. И тој е тој систем којшто не доведува до трајно решение, туку до компресија на работните места помеѓу себе и зголемување на урамноловката. Така што конечно оваа методологија што се предлага, може да биде трајно решение, меѓутоа не во толку долг период, туку за многу, многу пократок, потенцира Неделков.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Дејаноски порача дека нема да прифатат ништо на денешната седница на ЕСС и посочи дека долго време го истакнуваат нивното барање методологијата да биде иста како што имаат функционерите – просечна плата со коефициент.

-Пратија нешто од Влада пред неколку дена. Она што го пратија за УПОЗ не е прифатливо, бидејќи процентите што ги нуди Владата моментално се прениски. Имаме официјална инфлација 14,5 проценти, а ни нудат за 2023 годна пораст на плата од 3 проценти на вредност на бод што не е ни блиску до инфлацијата камо ли блиску до 78 отсто колку што добија функционерите, изјави Дејаноски пред почетокот на седницата на ЕСС.

Ќе видиме, додаде, дали образложението што ќе го дадат денеска е нешто различно од тоа што е напишано.

-Меѓутоа, ставот на синдикатот на УПОЗ е дека ваквиот предлог е апсолутно неприфатлив додека не добиеме и ние и колегите од другите синдикати опипливо зголемување на плата што ќе го осетат вработените и ќе можат гордо да одат по улица и да влезат во продавница, а тоа да не претставува толкав удар за нивниот џеб, рече Дејановски и потенцира дека сега нема да прифатат ништо.

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Што подолго без договор, поблиску до прекин на наставата-ниту законот на Груевски не може да спречи штрајк

Предраг Петровиќ

Неделков: Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Дурмиши: Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on