За седум дена Владата повторно ќе расправа за Казандол, се докомплетира докуметацијата

Од:

Потребно е докомплетирање на документацијата за еднострано раскинување на договорот со концесионерот на „Казандол“ и за седум дена, на следната владина седница, повторно ќе се разговара за овој рудник.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска изјави дека на вчерашната владина седница е донесен заклучок оти е неоходно докомплетирање на документацијата.

– Се работи за специфичен процес. Мораме да имаме издржано и целосно максимално правна аргументација за еднострано раскинување на договорот. Потребно е докомплетирање со уште два документа кои во моментов не би можеле да ви кажеме кои се. Меѓутоа тоа ќе се случи во наредните седум дена и на следната владина седница повторно ќе разговараме за Казандол, истакна Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов