За Сарачини антикризните мерки добри, за бизнисмените-задоцнети

Од:

Mинистерот за економија, Ваљон Сарачини, денеска го презентираше пакетот антикризни мерки на Владата .

Министерот очекува дека со новите 111 милиони евра наменети за стопанството и земјоделството ќе се отворат околу 2.500 нови работни места.

„Со втората транша од 50 милиони евра што беше експресно e искористена од страна на компаниите беа отворени околу 1.300 нови работни места така што очекувам дека со новите средства за компаниите ќе се отворат околу 2.500 нови работни места“, изјави министерот Сарачини.

Новиот пакет економски и финансиски мерки што ги најави Владата ќе помогнат, но се задоцнети, смета претседателот на Комората на северозападна економија Мендерес Кучи.

„Позитивна насока во која се движи владата, но за нас секогаш задоцнета затоа што ние нашите сигнали ги пративме малку порано дури во првиот квартал. Беспарицата е основниот проблем што го мачи нашето стопанство која најпрвин се генерира од самото задолжување на Влада кон стопанството па меѓусебното задолжување на субјектите и тоа се врти во круг. Таму каде што требаат пари зборовите се одвишни“, рече Кучи.

За состојбата во енергетскиот сектор министерот Сарачини рече дека е стабилна.

За ОКТА, Сарачини рече дека е формиран тимот за преговори и се чека одговор од грчката компанија „Хелени петролеум“.

„Тимот кој треба да преговара со ОКТА е дефиниран од страна на Владата. Ние чекаме се уште одзив од страна на грчката компанија „Хелени петролеум“, која има внатрешни проблеми односно има смени во управниот одбор.Очекуваме тие турбуленции во грчката компанија да завршат и да не известат кога официјално нивните претставници можат да се вклучат во преговорите за измена на методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати“, изјави министерот Сарачини.

 

Би можело да ве интересира

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Митева: Владата достави предлог за разрешување на Јавниот обвинител

Горан Наумовски

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Владата денеска решава дали ќе ги прифати предлозите на трговците или ќе донесе и свои мерки