За прекугранична соработка С. Македонија – Бугарија 30 милиони евра од ЕУ

Од:

Вкупно 30 милиони евра од Европската унија ќе бидат инвестирани во развојот на пограничните региони на Бугарија и Република Северна Македонија во следните седум години. Средствата се во рамките на Програмата за прекугранична соработка, со која управува бугарското Министерство за регионален развој и јавни работи.

Бугарскиот заменик-регионален министер Захари Христов, објавија бугарски медиуми, појасни дека инвестициите ќе бидат насочени кон развој на чиста и зелена средина, одржлив туризам и поддршка на конкурентноста во прекуграничниот регион. Меѓу приоритетните проекти е изградбата на новиот граничен пункт „Клепало“ помеѓу општините Струмјани и Берово.

Христов рече дека благодарение на програмите Интеррег, во последните 20 години е обновен изгледот на пограничните населени места на двете земји. Обезбеден е соодветен пристап до природните знаменитости, обновени се античките тврдини и цркви, а помогнати се и локалните културни, образовни и спортски центри да бидат активни. Според него, досега направеното придонело за позитивна промена во односите меѓу двата народа.

Оваа година, Програмата за прекугранична соработка Интеррег-ИПА помеѓу Бугарија и Северна Македонија по повод Денот на европската соработка, денеска организира Виртуелен саем за туризам, вклучувајќи различни дестинации во рамките на програмата.

Би можело да ве интересира

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Работниците со ниски приходи ќе добијат 3.555 ваучери за туризам од 300 евра

Орце Костов

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Путин: Русија ја престигна Германија и стана првата економија во Европа

Горан Наумовски

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Секој граѓанин треба да плати за тоа што потрошил: Бектеши повика да се реши проблемот со струјата во Слупчане

Орце Костов