За пет проценти повисоки плати за вработените во рудникот САСА

Од:

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк САСА донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1 јануари оваа година.

Со ова најново зголемување, како што соопштуваат од компанијата, платите во рудникот САСА ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.

-Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот САСА започна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.

-Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во САСА. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме, изјави генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

-Покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот САСА во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Од рудникот „Саса“ испуштени тешки метали во Каменичка река, поднесена кривична пријава

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

(ВИДЕО) Не покачувате плати и лажете за пензиите, ја задолживте државата четири милјарди евра – нова пресметка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта да ги покачи платите на наставниците за 12% во септември

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Во моментов нема опција за зголемување на платите на наставниците