За осум месеци Србија загубила 260 милиони евра поради царините на Косово

Од:

Министерот за трговија, Расим Љајиќ, изјави за „Новости“ дека за осум месеци, колку што се во сила царините на Приштина за производи од централна Србија, на Косово се пласирани 260 милиони евра помалку стоки отколку во истиот период минатата година.

„Тоа се директни финансиски загуби, но долгорочните штети ќе бидат уште поголеми, бидејќи нашите бизнисмени може трајно да го загубат тој пазар“, нагласи Љајиќ.

Грција го зголеми извозот кон Косово за 3,5 пати во мај, Унгарија, Словенија, Бугарија и Хрватска за повеќе од 2,5 пати, додека Македонија за 50 проценти, објави весникот.

Царините од 100 проценти на српските производи беа воведени на 21 ноември минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Конститутивната седница на косовскиот парламент се претвори во сапуница, неуспешен обид број 13

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Косово без образложение задржува македонски камиони на на граница, алармира Стопанската комора

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски