За најмалку 20% ќе се намали цената за приклучок за електрична енергија

Од:

За најмалку 20 проценти ќе се намали цената за приклучок за електрична енергија за домаќинствата, а ќе има намалување и на цената за приклучок за останатите потрошувачи. Тоа значи дека ако досега домаќинствата плаќаа околу 500 евра за приклучок, отсега ќе плаќаат околу 400 евра.

– Ова се должи пред се на зголемувањето на ефикасноста на работа на „Електродистрибуција“ и на намалувањето на нивните трошоци за набавка на опрема која би се користела за изградба на овие приклучоци. Сето ова не става во добра ситуација, трошоците за приклучок на домаќинствата да се намалат најмалку 20 проценти, а исто така ќе има соодветно намалување и на трошоците за приклучување на останатите видови потрошувачи, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски пред јавната расправа за мрежните правила за дистрибуција на електрична енергија на „Електродистрибуција“ Скопје.

Исто така ќе се намали и рокот за издавање согласност и роковите за изградба на приклучоците.

Со мрежните правила за дистрибуција, операторот на дистрибутивниот систем ќе биде обрзан да формира дата на податоци за квалитетот на испорака на електрична енергија, а тоа, според Бислимовски, е важно бидејќи ќе може да се мери квалитетот на испорачана електрична енергија и врз основа на тоа да се прави дополнителен притисок врз операторот на дистрибутивниот систем да го подобрува квалитетот на испорачана електрична енергија.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

РКЕ: Неточни се наводите на професорот Трајковски дека мрежарината ги зголемува сметките

Орце Костов