За исклучување од парно греење ќе биде потребна писмена согласност од мнозинството станари

Од:

Со новиот Закон за енергетска ефикасност, кој беше изгласан на крај на мандатот на пратеничкиот состав, се дефинираат појасни критериуми за исклучување од парното греење. Секој граѓанин приклучен на системот на топлинска енергија ќе има можност да се исклучи од постојниот систем за греење само во случај кога системот на кој планира да се приклучи или системот за поединечно греење или ладење којшто ќе го користи, обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив и го намалува користењето на примарна енергија во споредба со системот на којшто е приклучен, земајќи ја предвид енергијата потребна за екстракција, конверзија, транспорт и дистрибуција, што ќе може да го докаже со извештај од претходно извршена енергетска контрола изготвен од овластен енергетски контролор за згради.

Она што е значајно, нема да можат, како до сега граѓаните само да изразат желба да се исклучат од централното парно греење, туку треба да се обезбеди писмена согласност за исклучување од системот од мнозинството од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно Законот за домување.

Власта уверува дека со другите мерки во новиот Закон, како што е основање на Фонд за енергетска ефикасност како независно и самостојно правно лице. Чии средства ќе се користат за финансирање на проекти и мерки за енергетска ефикасност, следејќи ги примерите од други држави од Европската унија, ќе се подобри енергетската ефикасност и остварување на заштеди на енергија, нови вработувања и заживување на работата на друштвата кои даваат енергетски услуги и вршат енергетски контроли, како и законска рамка за реализација на проекти за реконструкција на згради.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Грејната сезона завршува, доколку има потреба ќе биде вклучен системот за топлинска енергија

ЕСМ: Греењето во Скопје е исто за сите потрошувачи

Скопјани од ноември ќе плаќаат за 4,51 отсто поскапо парно

Орце Костов

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Од ноември ќе важи нова одлука за цената на парното во Скопје

Орце Костов