За ИПАРД Програмата досега доставени 1.000 барања

Од:

Околу 1.000 барања досега се доставени за искористување средства од ИПАРД програмата од кои за 180 веќе се исплатени средства во висина од 3,5 милиони евра. За 355 барања се склучени договори, а околу 300 барања се во административна процедура.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оценуваат дека степенот на искористеност е се уште мал, но оти од година во година се зголемува интересот за искористување на средствата од програмата и се подобрува квалитетот на доставените апликации.

– Во последно време има подобрување на состојбите во поглед на почитување на постапките и на квалитетот на доставените барања, но за сето тоа беше потребно одредено време кое резултираше со губење на дел од средствата од ИПАРД програмата. Добар дел од средствата се изгубени, меѓутоа еден дел се резервирани, односно треба да се спасат и да се пренаменат во други компоненти за мерки од областа на земјоделството и руралниот развој, истакна Виктор Младеновски од Секторот за ИПАРД програмата на денешниот Инфо ден со занаетчиите во Занаетчиската комора на Македонија.

Занаетчиите побараа парите од инвестицијата да не ги плаќаат преку жиро сметка затоа што доколку го сторат тоа паушалните обврзници автоматски ќе преминат во ДДВ обврзници.

– Иако сега ИПАРД програмата е пофлексибилна и дозволува сите занаетчии да ги користат средствата, сепак, паушалците со самото тоа што парите ќе треба да ги поминат преку жиро сметка за да ја платат инвестицијата, ќе го изгубат правото на паушално одданочување и стануваат ДДВ обврзници. Ова е една од најголемите причини што ги отргнува занаетчите да аплицираат за ИПАРД програмата, посочуваат од Занаетчиската комора.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавија дека ќе ги разгледаат можностите да се надмине оваа пречка.

– Мора да се платат средствата преку жиро сметка, но штом ова има одредени последици врз занаетчиите, тогаш ќе се обидеме да најдеме решение, рече Младеновски.

Како една од причините за малата искористеност на средствата од програмата се посочуваат недостапноста до поволни кредити, како и недоволната запознаеност на барателите со строгите правила на ИПАРД програмата.

Би можело да ве интересира

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Предраг Петровиќ

Љупчо Николовски: Објавен првиот повик за ИПАРД 3 програмата

Катерина Ѓуровски

Димковски: ДПМНЕ е криминална партија, проневерила средства и од ИПАРД

Николовски: Објавен нов јавен повик од ИПАРД II, 5 милиони евра инвестициски фонд ставаме на располагање за проекти преку мерката 3

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Николовски: ЕК ја усвои ИПАРД 3 за Македонија

Ана Ололовска