За два дена поднесени 27.100 барања за финансиска поддршка за мај

Од:

Вкупно 27.100 барања се поднесени за користење на мерките за финансиска поддршка за месец мај. Овие барања, како што соопшти Управата за јавни приходи, се поднесени од работодавачите и сомовработените лица во заклучно со вториот ден од јуни.

– За мерката – Финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД поднеле 4.733 самовработени лица од кои 4.064 барања се прифатени. За мерката – Финансиска поддршка за исплата на плата за мај 2020, образец БФП-ИП поднеле 20.127 компании од кои 16.610 барања се прифатени. За мерката – Субвенционирање на исплатата на придонеси од задолжително осигурување образец БС-ПЗСО поднеле 2.240 компании од кои 1.909 барања се прифатени, наведуваат од Управата за јавни приходи.

Од УЈП додаваат дека мерките се реални, мерките се остваруваат и повикуваат да се поднесат барање БФС-СВД или БС-ПЗСО до 5 јуни, односно барање БФП-ИП до 7 јуни.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа