За да се скенираат сметки за поврат на ДДВ мора одново да се симне апликацијата

Од:

Ако се обидете да скенирате сметка на мобилниот телефон за поврат на 15% ДДВ, ќе ви се појави известување дека има нова верзија на апликацијата (верзија 1.1.7) со известување дека за да продолжите мора да ја ажурирате апликацијата.

Под известувањето пишува „За да продолжете мора да ја ажурирате апликацијата!“

Обновата на апликацијата бара инсталирање одново, а не ажурирање врз постојната, бидејќи при повторното логирање потребно е да се внесе корисничкото име и лозинката.

Она што е новитет во новата верзија е рамката во која треба да се насочи камерата за да се скенира фискалната сметка. Може да се одбере тип на баркод скенер и тоа основен и напреден. Останатите опции се исти како и во претходната верзија на апликацијата.

Министри во Владата и директори на јавни претпријатија интензивно ја промовираат кампањата на УЈП за повратот на ДДВ за граѓаните.

Од УЈП информираа за следното: „Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија. Земајќи ги во предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Со нашиот предлог ќе поевтинат над 250 категории прозиводи вели СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

Деновиве ќе почне исплатата на „Мој ДДВ“

A1on

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

Лукаревска: Повеќе за сите е успешната мерка Мој ДДВ со која вративме над 100 милиони евра кај граѓаните