За 28 отсто е зголемен извозот на зелка годинава споредено со минатата година

Од:

Извозот на зелка оваа година споредено со минатата година е зголемен за 28 отсто, соопшти Министерството за земјоделство. Од почетокот на годинава до 29 март, според податоците од Царинската управа, се извезени 17.018 тони зелка, за разлика од лани истиот период кога се извезле 13.278 тони зелка.

-Само во период од 27 до 29-ти март од нашата држава се извезени 1.676 тони зелка, што е повеќе од истиот период лани кога извозот бил 1.001 тон. Овие податоци покажуваат дека нема застој во извозот, туку напротив постои зголемување на извозот на зелка. Од друга страна, увозот на зелка од почетокот на годинава до 29-ти март е само еден тон, информира МЗШВ.

Министерството го следи откупот и на останатите земјоделски производи во овој период на вонредна состојба и е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците за да има непречен извоз.

-Во насока на олеснување и забрзување на транспортот, Владата донесе одлука за возачите на камиони кои вршат транспорт да не важи мерката за 14-дневен карантин доколку ги почитуваат препорките за заштита: носење соодветна заштита, дезинфекција и движење. Истото важи и за возачите од другите држави. Со цел непречен транспорт (извоз/увоз) земјите од регионот и ЕУ договорија зелени коридори за примарните производи, наведува МЗШВ.

Потсетува и дека на веб страницата неодамна постави банер за полесен пристап до новатa апликација „Понуда-Побарувачка“ на Земјоделскиот пазарен информативен систем (ЗПИС) која на земјоделците им овозможува да тргуваат со своите производи на домашниот пазар.

Вчера дополнителниот заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски на својот фејсбук профил напиша дека состојбата со пролетната зелка е алармантна и ја повика Владата да се стави во функција на изнаоѓање пласман.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите