За 0 денари долг, УЈП бара камата и се заканува со присилна наплата

Од:

Граѓанин, реагира до редакцијата на А1он. Вели, од УЈП му е испратено решение за плаќање на долг кон УЈП за неплатен ДДВ во износ од 0,00 денари, и камата од 38,00 денари.

Граѓанинот се повикува долгот да го подмири во најкус можен рок, во спротивно ќе бидат превземени мерки за присилна наплата на долгот.

Напишани се и лица за контакт од УЈП, нивните е-маил адреси и телефонски броеви.

„До кога ќе плаќаме ваква неспособна администрација? За 0 денари долг, треба и камата да платиме? Ова е срамота“, вели револтираниот граѓанин.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет