Вучиќ по средбата со Ковачевски и Рама: Се договоривме да заврши процесот за осигурување на работните дозволи

Од:

Средбата на претседателот на Србија Александар Вучиќ, со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски и со премиерот на Албанија Еди Рама, се одржа во градското собрание на Бардолини, Италија, како дел од иницијативата Отворен Балкан, што е првпат во овој формат да се одржува надвор од границите на Западен Балкан.

На заедничката прес-конференција Вучиќ рече дека разговарале за тоа како да им се помогне на обичните луѓе и како да се отстранат сите пречки за да се овозможи слободна трговија и слободен проток на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој кажа и дека е постигнат договор за завршување на процесот на осигурување на работните дозволи, што ќе биде основа на економската соработка на трите држави.

-Имавме плодни дискусии за прашања поврзани со прашањето за Отворениот Балкан. Разговаравме како можеме да ги отстраниме сите пречки, да овозможиме слободна трговија и проток на стоки, услуги и капитал. Разговаравме и за многу други прашања поврзани со безбедноста на храната и како да се обезбеди пристап до други земји. Разговаравме и за електронските картички за сите луѓе за да можат да се усогласат. Таа ситница означува многу голем напредок. Разговаравме и за приемот на нови идентификациони картици и сите тројца се согласивме дека ќе можеме да направиме одреден напредок по тоа прашање во наредните месеци. Се договоривме за завршување на процесот за обезбедување работни дозволи и тоа ќе биде, се осмелувам да кажам, основата на економската соработка меѓу нас, рече Вучиќ.

Вучиќ додаде дека трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија е се поголема и дека е зголемена за околу 50 проценти во последните три години.

-Најголемата пречка за нас на Западен Балкан се границите, бидејќи кога имате камион кој превезува некаква стока, од нив 30 отсто возат, а 70 отсто трошат на границите, истакна Вучиќ.

-Јас и Еди зборуваме за соработка, понекогаш може да имаме спротивставени изјави, но економијата е основата на односите меѓу двете земји и важно е граѓаните да се чувствуваат побезбедно и да се добро прифатени кога одат во други земји, рече Вучиќ во одговор на прашања од новинарите за спротивставените ставови на Србија и Албанија во врска со ситуацијата на Косово.

По средбата, тројцата лидери го обиколуваат Саемот за вино VinItaly 2023 и заедно со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, го посетија заедничкиот штанд каде вината ги презентираат изложувачи од Србија, Северна Македонија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

A1on

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Потпишани Протоколите за Слободен пристап до пазарот на труд во земјите од Отворен Балкан

БЕСА бара Владата да се огради од проектот „Отворен Балкан“

На иницијатива на Ковачевски Скопје, Белград и Тирана на еден ден ќе ги отворат меѓусебните граници

Ана Ололовска