Врвот Лисец на Плачковица е новиот адут за развој на туризмот во Виница

Од:

Промоцијата и унапредување на природните вредности на врвот Лисец на Плачковица е еден од адутите на општина Виница за развој планинскиот туризам.

Главен приоритет на локалната самоуправа е да се создадат инфраструктурни услови, а подоцна да се направи и урбанизирање на десетина хектари што би се понудиле како парцели за изградба на викенд куќи и угостителски објекти.

– Сстанува збор за се уште непознат и недоволно откриен планински потенцијал што го нуди Плачковица, поради што сакаме да им го доближиме на домашните, но и на гостите од странство. Заедно со урбанизирањето на локалитетот Маринково, во план е да се изгради и асфалтира патот од селото Градец до врвот Лисец во должина од околу 20 километри, а за што финансиска поддршка ќе бараме од домашни и меѓународни фондови, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница.

Освен промоцијата и искористувањето на потенцијалите на планината Плачковица, проектот треба да даде и позитивне економски ефект за општинскиот буџет од продажбата на градежните парцели.

Општината со сопствени средства, пак, ќе учествува во изградбата на водоводната и канализациската мрежа на локалитетот каде што ќе се прави урбанизацијата на Лисец.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он