Пролетната сеидба доцни, а тоа ќе се одрази врз развојот на културите. Поради врнежите што ја зафатија Македонија, велат агрометеоролозите, идеални се условите за појава на болести и штетници.
– Не ни требаа овие врнежи, ни требаше сув период. Пченка и сончоглед се малку посеани. Висока е влагата за орање, се префрлаат цели пластови, што не е добро. Моментните услови, влажноста и темепратурите, се особено погодни за развој на болести. Земјоделците да преземат мерки за заштита, изјави Ангелко Ангелески, агрометеоролог од Управата за хидрометеоролошки работ (УХМР).
Според него, и натаму пчелите се најзагрозени. Багремот интензивно цвета, исто и доцните сорти јаболка, но заладувањето и врнежите не дозволуваат пчелите да излезат од кошчниките по храна.
Врнежите се позитивни за есенските посеви, овошките и лозјата, зашто сега веќе има оптимална влага во почвата.