Вредноста на мегапроектите на Турција го надминува БДП-то на 130 држави

Од:

Финансиската вредност на грандиозните проекти, што Турција планира да ги реализира во текот на следните години, го надминува бруто домашниот производ на 130 држави, пренесе агенцијата Анадолија.

Во текот на последните години Турција ги забрза големите проекти во областите на транспортот, инфраструктурата, енергетиката и одбраната. Меѓу овие проекти се изградбата на канал што ќе го олесни сообрќајот преку оптоварениот Босфор, атомските централи во Аккују и Синоп, изградбата на трет аеродром во Истанбул и други.

Финансиската вредност на вкупно 21 ваков проект збирно надминува 138 милијарди долари. Тоа е повеќе од БДП-то на 130 држави, а меѓу нив и на Унгарија со БДП од 127 милијарди долари, Либија (82 милијарди долари), Луксембург (57 милијарди долари), Бугарија и Узбекистан (51 милијарди долари), Словенија (45 милијарди долари).

Најскапите проекти, чија реализирација допрва претстои, се двете атомски централи. Каналот Истанбул, што ќе ги поврзува Црно со Мраморно Море, ќе чини 15 милијарди долари, а третиот аеродром во Истанбул -10 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија

Закрепнуваат Мартин и Борис, последните двајца од повредените во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Истанбул