Вработените во велешка Колска го стопираа едномесечниот штрајк

Од:

Вработените во Фабриката за шински возила Колска од Велес денеска го стопираа едномесечниот штрајк и не ги блокираа возовите на Железничка станица како вчераутро.

Според претседателот на синдикатот на Kолска Слободан Димитриевски, одлуката за прекин на штрајкот е поради тоа што вчера добиле една плата, а со посредство на Владата им било ветено дека ќе ги добијат и останатите пет плати за годинава, како и здравствено осигурување.

Преговарале, рече Димитриевски, и со раководниот тим на ЈП МЖ кој треба да им го исплати преостанатиот долг од 6,7 милиони денари за поправката на товарните и патничките вагони.

Тој информира и дека од денеска сите 131 вработен се на двонеделен колективен одмор. Очекуваат да им се реши статусот на фирмата, како што вети Владата.

Колска во најголем дел е во државна сопственост. Вработените со оглед на работата што ја извршуваат – поправка на теретни и патнички вагони, години наназад бараат надлежните да ги припојат кон ЈП Македонски Железници.

Би можело да ве интересира

Се трага по старица од Чашка чија куќата изгоре во пожар пред неколку дена

Негувателката што им даваше електронска цигара на деца доби условна осуда, обвинителството се жали

Катерина Ѓуровски

21-годишен жител од велешкото село Бузалково и се заканувал на комисија за возачки испит

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес