Вработените од МЖ – инфраструктура бараат повлекување на одлуката за прераспределување

Од:

Независниот синдикат на македонски железници – инфраструктура бара повлекување на владината одлука за прераспределба на вработените од МЖ – инфраструктура во јавните институции. Во спротивно најавува дека доколку некои од вработените против негова волја биде прераспределен, ќе стапат во штрајк.

– Оној момент кога некој од вработените ќе каже дека присилно без негова согласност е прераспределен во друга институција ќе стапиме во штрајк. Колку ќе трае штрајкот ќе зависи од нив, изјави претседателот на Синдикатот, Марјан Ристевски на денешниот состанок со вработените.

Владината одлука за прераспределба, според Ристевски, значи кршење на повеќе закони од сферата на работните односи, а со неа се губи и стручниот персонал во Железници.

Досега, како што информира Ристевски, околу 80 до 90 вработени се викнати на разговори за прераспределување, а немаат информации за точно колкав број ќе бидат прераспределени.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска