Почнувајќи од 27 април, возовите во државава ќе сообраќаат по нов возен ред поради измените во времетраењето на полицискиот час кој сега трае од 19 до 5 часот во работни денови, и од 15 часот во сабота до 5 часот во понеделник.
Како што соопштија од ЖРСМ Транспорт АД Скопје според новиот некои пак возови нема да сообраќаат.
Од понеделник до петок
Возови кои ќе сообраќаат:
-релација Велес – Скопје – Велес:
1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
2. воз бр. 2080 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 12:10 часот,
3. воз бр. 2081 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 13:20 часот, и
4. воз бр. 2082 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Велес во 14:24 часот.
5. Од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (како врска за воз бр. 630 од Велес).
– релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 15:10 часот.
3. воз бр. 631 со поаѓање од Скопје со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме во 15:24 часот.
4. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот. ( од вторник до сабота )
-релација Скопје – Битола – Скопје:
1. воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
2. воз бр. 642 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Битола во 12:51 часот.
3. воз бр. 643 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 14:30 часот
4. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот. ( од вторник до сабота )
Во сабота
Возови кои ќе сообраќаат:
1. воз бр. 640 ќе сообраќа од Битола со променет возен ред, со задоцнување, со поаѓање од Битола во 06:00 часот.
2. воз бр. 630 од Гевгелија со променет возен ред, со поаѓање од Гевгелија во 05.40 часот.
Нема да сообраќаат возовите на следниве релации
– релација Скопје – Куманово – Скопје
– релација Скопје – Кичево – Скопје
– релација Скопје – Кочани – Скопје