Воведен едношалтерски систем во ТИРЗ за поедноставен пристап до услугите и поддршката за компаниите

Од:

Странските инвеститори во ТИРЗ имаат најмногу барања поврзани со информации за државна помош, дозволи за реконструкција и доградба и можности за проширување на инвестициите, но особено им е потребна поддршка при процеси поврзани со други институции како дозволи за работа, регулирање престој на странски експерти од матичните компании и царински услуги, покажува анализата од ефектите на новововедениот систем за грижа на корисници во ТИРЗ, таканаречен „Систем на една точка“.

Целта на системот е обезбедување поедноставен пристап до услугите за компаниите и персонализирана поддршка за нивните барања и потреби во фазата на пред и пост-инвестициските активности.

Од воведувањето на новиот систем, во ТИРЗ, од март до сега, се пристигнати 328 барања од странските компании активни во зоните. Најголемиот дел од нив, 75 отсто се барања поврзани со процесите во ТИРЗ, додека 25 отсто се однесуваат на постапки и процеси на други државни институции. Новиот систем предвидува брзи и прецизни рокови за постапување, па од вкупниот број барања 70 отсто се веќе процесирани и одговорени, а 30 отсто се во процес на решавање.

-Со воведување на едношалтерски систем на инвеститорите им нудиме индивидуализирана поддршка на едно место од планирање до инвестиција, па до поддршка во работењето и спроведување на инвестициските проекти. Инвеститорите сега треба да тропнат само на една врата наместо на десет со што овозможуваме професионална и навремена грижа и ефикасна комуникација. Поттикнавме и низа измени во процедурите и решенија за обезбедување брз пристап до бараните услуги поврзани со други државни институции. Отворивме и директен дијалог со бизнис заедницата и странските компании и заедно работиме на унапредување на услугите и деловната клима во земјава. Отворена и функционална двонасочна комуникација е клучна за долгорочен успех и успешно партнерство, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.

Новиот систем за грижа за корисници, кој е дел од новиот концепт на ТИРЗ се заснова на три столба, поддршка при обезбедување на информации и процесирање барања поврзано со услугите на Дирекцијата, поддршка во обезбедување квалитетни јавни услуги од други институции на државно и локално нивo како и поддршка во обезбедување на потреби поврзани со пазарот. Секоја компанија има назначено „единствено контакт – лице“ кое им е постојано достапно. Новиот систем е делумно дигитализиран, односно воведена и опција за поднесување барања во дигитален формат.

Исто така, како што информираат од ТИРЗ, веќе е завршена измената на Упатството за оправдани инвестициски трошоци која за првпат е изработена од меѓународна ревизорска куќа, ПрајсвотерхаусКуперс и во соработка со компаниите со што се обезбедува поефикасен систем за исплата и следење на државната помош.

Ова е дел од процесот кој го започна Дирекцијата за ТИРЗ во партнерство со Советот за странски инвеститори и Асоцијацијата на странски компании со напредно технолошко производство, преку серија дебати со компаниите заеднички да се работи на унапредување на услугите на државата за инвеститорите. Исто така веќе се спроведува и инвестициски циклус од 15 милиони евра во основната инфраструктура во повеќе зони, план кој за првпат е изготвен во соработка со корисниците и според нивните потреби.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски