Воспостaвeн железничкиот товарен сообраќај со Солун

Од:

По повеќе од седумедесетдневна блокада на пругата на Коридорот 10 од страна на мигрантите кај Идомени во Грција, воспоставен е железничкиот товарен сообраќај меѓу Скопје и Солун.

– Поради кризата со мигрантите од арапските и африканските држави, од грчката страна на границата, кај Идомени беше блокирана пругата со што во прекин беше целокупниот железнички сообраќај меѓу Грција и Република Македонија. Блокадата, директно и индиректно, предизвика огромни штети на стопанствениците во Македонија, а и пошироко. Со блокирањето на пругата престана превозот на стока наменет за Македонија, но истовремено и стопанствениците од Македонија не можеа своите готови производи да ги достават до своите коминтенти на светските пазари, се вели во денешното соопштение од Македонски железници – Транспорт.

Оттаму посочуваат дека блокадата негативно се одразила и на финансиската состојба на МЖ Транспорт АД – Скопје, бидејќи компанијата не била во состојба да ги реализира договорените превози од и за Солун, како и транзитот низ пругите  на Македонски железници.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска