„Волво“ и „Џили“ инвестираат во нов развоен центар

Од:

Кинескиот производител на возила „Џили“, кој е сопственик на шведската фабрика за автомобили „Волво“, ќе етаблира нов центар за развој и истражување во Гетеборг, јавува дописникот на МИА.

Новиот развоен центар ќе вработи 200 инженери од Кина и Шведска, кои ќе работат на развој на нова платформа за производство на помали автомобили во „Волво“ и „Џили“. Со оваа инвестиција „Волво“ уште поцврсто се врзува за кинескиот „Џили“.

Со оглед на тоа дека станува збор за развој на заедничка платформа, двете компании ќе се фузираат преку низа други функции, како што се заеднички набавки и заеднички истражувања.

Новиот развоен центар ќе биде пласиран во образовниот центар „Линдхолмен“ во Гетеборг и ќе биде целосно оперативен до крајот на годинава, се наведува во прес-соопштението што денеска го објави „Волво“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска