Волстрит во минус, пад на акциите на Apple и на Tesla

Од:

На Волстрит вчера берзанските индекси остро паднаа поради геополитичките тензии и бидејќи стана се појасно дека американската централна банка нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше.

Dow Jones загуби 0,65 отсто, на 37.735 поени, додека S&P 500 се лизна за 1,20 отсто, на 5.061 поен, а индексот Nasdaq се намали за 1,79 отсто, на 15.885 поени.

Остриот пад на индексот втор ден по ред се должи, меѓу другото, и на тензиите на Блискиот Исток, откако Иран во саботата вечерта лансираше серија беспилотни летала кон израелска територија, а Израел најави одмазда.

Покрај тоа, сè појасно е дека американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата останува покачена.

Вчера беше објавено дека продажбата на мало во САД пораснала за 0,7 отсто месечно во март, што е значително повеќе отколку што очекуваа аналитичарите.

Ова покажува дека потрошувачите не забавуваат и покрај повисоката инфлација и дека растот на потрошувачките цени може да продолжи.

Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД ќе почне да ги намалува каматните стапки во јуни речиси целосно исчезнаа.

Под притисок се најдоа и S&P 500 и Nasdaq индексот поради остриот пад на цените на акциите на Apple и Tesla.

Цената на Apple падна откако беше објавено дека продажбата на iPhone паднала за околу 10 отсто во првиот квартал, а Tesla откако објави дека поради падот на продажбата, компанијата ќе отпушти околу 10 отсто од своите вработени ширум светот.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,38 отсто, на 7.965 поени, а франкфуртски DAX зајакна за 0,54 отсто, на 18.026 поени, а париски CAC за 0,43 отсто, на 8.045 поени.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Рекорди на Волстрит по победата на Трамп

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред