Волстрит урива рекорди

Од:

По лошото тргување на Бадник, акциите на Волстрит експлодираа на првиот ден тргување после Божик, забележувајќи најголем дневен скок од март 2009 година. Волстрит така ги надомести сите загуби регистрирани во претходното тргување.

Индексите Дау Џонс и С&П 500 се зголемија за околу пет отсто откако акциите на компаниите од прехранбениот, енергетскиот и технолошкиот сектор се зголемија за повеќе од шест отсто.

Насдак, исто така, забележа најуспешен ден од март 2009 година, додавајќи 5,84 отсто пазарна капитализација. Средата после Божик ќе биде евидентирана и поради најголемиот скок на акциите после тој празник кога и да е.

Акциите на енергетските компании исто така се зголемија по растот на американската нафта, поголем од осум отсто. Иако еуфорија ги зафати инвеститорите, експертите предупредуваат дека патот до целосно опоравување е долг и оти се потребни три дена раст за да се затвори јазот кој настана со распродажбата. с

Би можело да ве интересира

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски

Кина тивко ги укинува царините за американските чипови

Горан Наумовски

Блумберг: САД ќе бараат Русија да го прифати правото на Украина да има своја армија

Авион се урна во близина на воена база во САД

САД со порака до Русија и Украина: Време е или да кажат „да“ или се повлекуваме од овој процес