Волстрит расте деветта недела по ред

Од:

На Волстрит, берзанските индекси пораснаа во вторникот, нивниот нагорен тренд влезе во деветтата недела, при што S&P 500 се приближи до рекордно високо ниво.

Dow Jones зајакна 0,43 отсто, на 37.545 поени, додека S&P 500 порасна за 0,42 отсто, на 4.774 поени, а индексот Nasdaq 0,54 отсто, на 15.074 поени.

Добивката на индексот влезе во својата деветта недела бидејќи сите најнови податоци покажаа дека растот на американската економија забавува, а инфлацијата постепено се намалува.

Благодарение на ова, американската централна банка најверојатно го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, па следната година ќе следи намалување на каматите.

И додека челниците на ФЕД проценуваат дека следната година трипати ќе ги намалат каматните стапки, најверојатно за 0,25 процентни поени, на пазарот се шпекулира дека следната година каматните стапки може да се намалат шест пати, почнувајќи од март.

Пазарите на пари проценуваат дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да започне со намалување на каматните стапки во март.

Сепак, ова се само проценки, а понатамошните реални економски показатели ќе зависат од тоа што ќе направи ФЕД.

По осум последователни недели раст, Dow Jones достигна рекордно високо ниво, додека S&P 500 се искачи за помалку од 1 процент од рекордното високо ниво.

Обемот на тргување вчера беше слаб бидејќи многу инвеститори се отсутни поради божиќните празници, а вакво тргување се очекува и во наредните денови.

Европските берзи вчера беа затворени поради божиќните празници.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Рекорди на Волстрит по победата на Трамп

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред