Волстрит порасна по извештајот за инфлацијата

Од:

На Волстрит берзанските индекси денеска пораснаа втор ден по ред, откако извештајот за потрошувачките цени покажа дека инфлацијата во САД во ноември е во согласност со очекувањата.

Dow Jones зајакна 0,48 отсто, на 36.577 поени, додека S&P 500 порасна за 0,46 отсто, на 4.643 поени, а индексот Nasdaq 0,70 отсто, на 14.533 поени.

Сите три индекси годинава ги достигнаа своите највисоки нивоа, откако извештајот покажа дека инфлацијата се движи во согласност со очекувањата, иако не забележа значително олеснување во однос на претходниот месец.

Потрошувачките цени во ноември пораснале за 0,1 отсто во однос на октомври, додека на годишна основа се повисоки за 3,1 отсто.

Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, беше 4 отсто, што е сепак значително повисока од целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

Овие податоци го зајакнаа уверувањето на инвеститорите дека челниците на американската централна банка нема дополнително да ги зголемуваат каматните стапки на овонеделната сесија.

Сепак, оптимизмот за првото намалување на каматните стапки во наредната година донекаде ослабна.

Пред овие податоци, пазарот на пари проценуваше дека има околу 50 отсто шанси ФЕД да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, додека сега тие шанси се намалени на 43 отсто.

Исто така, сега има околу 78 отсто шанси ФЕД да ги намали каматните стапки во мај, од 75 отсто пред објавувањето на извештајот за инфлацијата.

Но, тоа ќе зависи од трендот на инфлацијата и економијата во наредните месеци.

Во среда ќе биде објавен ноемврискиот извештај за цените на производителите, кој ќе покаже дали во наредните месеци ќе се зајакнат инфлациските притисоци од преработувачкиот сектор.

Инвеститорите ќе бидат фокусирани на најавата во среда од последниот состанок на ФЕД оваа година, како и на пораките на шефот на централната банка за инфлацијата, каматните стапки и економијата.

И на европските берзи цените на акциите вчера благо паднаа. Лондонскиот FTSE индекс се лизна за 0,03 отсто, на 7.542 поени, додека франкфуртски DAX ослабе 0,02 отсто, на 16.791 поен, а париски CAC 0,11 отсто, на 7.543 поени.

Би можело да ве интересира

На Волстрит спласна еуфоријата од успехот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Рекорди на Волстрит по победата на Трамп

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

Волстрит драстично порасна

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Волстрит паѓа четврти ден по ред