Министерот за економија Крешник Бектеши најавува дека најверојатно од мај до октомври годинава во државава ќе има вишоци на производство од обновливи извори на енергија.
-Во одредени денови и часови од мај до септември потрошувачката не надминува 600 мегавати во целата држава а ние веројатно би имале 400 мегавати само во мај, рече Бектеши денеска на прес-конференција.
Тој соопшти дека во завршна фаза, со добиените градежни дозволи, се фотонапонски централи со инсталирана моќност од над 400 мегавати. Ова, посочи, е рекорден број на фотонспонски централи кои што се градат во државата досега.
Министерот потенцираше дека интересот за изградба на на фотонапонски централи е посебно зголемен, посебно откако беа олеснети условите и постапките за добивање на дозвола.
Само во дистрибутивната мрежа веќе има конекција на 81,8 мегавати електрична енергија од соларни извори. Во градба или ќе почнат да се градат се капацитети од 386,1 мегават часови.
Согласно Стратегија за развој на енергија, моментно нашата дистрибутивна мрежа може да прими околу 1500 мегавати, што значи деа за неполни четири години ќе имаме 700 мегавати нови капацитети, повеќето од фотонапонски централи што ќе бидат во мрежа. Над 28 проценти од овие капацитети се на слободен пазар што значи дека ќе нема никаво влијание во делот на утврдување на цената од Регулаторната комисија за енергетика, рече Бектеши.
За две недели ќе биде усвоен нов правилник – индикативен план со којшто ќе се распределат сите инвестиции со решение од Владата и Министерството за економија, а ќе се дава предност на иневстиците на ЕСМ во обновливи извори на енергија.
-Целта е и потенцијалните инвеститори да бидат сигурни дека ќе можат да се приклучат во мрежа за да не настане дополнителен проблем во делот на финансирање одредени инвестиции или слично од почетокот на постапката, а не во крајната фаза, рече Бектеши.