Во УЈП Куманово поднесени 34.149 годишни даночни пријави

Од:

Од даночното одделение на Управата за јавни приходи во Куманово информираат дека досега на ниво на регионот што го покриваат се поднесени 34.149 годишни даночни пријави. Од Куманово даночна пријава поднеле 8.388 обврзници.

– Дополнителни приходи за кои треба да се поднесе годишна даночна пријава се приходи од награди, бонуси остварени од работен однос, приходи од кирии, закупнини на деловен и станбен простор, авторски права, права од индустриска сопственост, дивиденди, учество во добивката и камати од заеми дадени на физички и правни лица, капитални добивки, добивки од лотариски игри и игри на среќа повисоки од 5.000 денари, како и добивки од игри на среќа од интернет и специјализирани сајтови, изјави координаторот на даночното одделение и регионален портпарол Сузана Стошевска Николовска.

Обврзници за поднесување годишна даночна пријава се и лицата со лични примања остварени од странство за активности што граѓаните ги вршат во Македонија, работи во врска со ангажирање во амбасади, мисии на меѓународни организации и други дополнителни приходи што се надвор од основните приходи плати и пензии.

– Обврска за неподнесување годишна даночна пријава имаат само граѓаните кои имаат остварено приходи од плата и пензија, вршење самостојна и замјоделска дејност, изјави Стошевска Николовска.

Обврската за поднесување годишна даночна пријава граѓаните треба да ја исполнат до 15 март.Од даночното одделение Куманово повикаа граѓаните да не го чекаат последниот рок за поднесување годишна даночна пријава. Од УЈП Куманово информираат дека пријава може да се поднесе секој работен ден од 8:30 до 18 часот, а во сабота од 8:30 до 14 часот.

Би можело да ве интересира

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа