Во тек жетвата на пченицата и јачменот во Дебарско

Од:

Во општините Дебар и Центар Жупа во тек е жетвата на пченицата и јачменот. Жетвата на пченицата почна деновиве, а на јаменот веќе пола е завршена.

– Кај пченицата забележани се просечни приноси од 2.800 килограми по единица хектар. Оваа култура е застапена на 145 хектари и до сега ожнеани се над десет проценти. Јачменот е засеан на 160 хектари и до сега ожнени се пола од површните, а просечниот принос е три тони по единица хектар, изјави Арбен Муладаури, раководител на дебарската Подрачна единица на Министертвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, која ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него, во тек е и жетвата на ржта на 15 хектари.

Муладаури апелира до земјоделците да аплицираат на огласот за добивање субвенции. Во просек годишно од двете општини субвенции остваруваат по 850 земјоделци на кои им се исплатува вкупен износ од околу милион евра.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади