Во светот регистриран пад на продажбата на мобилни телефони

Од:

Во светот во вториот квартал од годината продадени се 316 милиони паметни телефони или девет проценти помалку во споредба со истиот период од 2021 година. Падот на продажбата се должи на инфлацијата и другите економски препреки, се наведува во извештајот на аналитичката компанија Каналис (Canalys).

И покрај вкупниот пад, продажбата на паметни телефони на Епл (Apple) и на Самсунг (Samsung) и понатаму се на првите две места по продажба, како и меѓу првите пет, кои единствени го зголемиле пазарниот удел.

Самсунг сè уште е број еден во светот и по вториот квартал од 2022 година има најголем пазарен удел во однос на испораките на паметни телефони, со 21 отсто, што е зголемување од 18 проценти во споредба со истото тримесечје од 2021 година, додека втор е Епл со пазарен удел од 17 отсто, исто така зголемен, од минатогодишните 14 проценти.

Меѓу првите пет добавувачи кои бележат пад од три до еден отсто на продажбата се Шаоми (Xiaomi), Опо (Oppo) и Виво (Vivo). Шаоми минатата година имаше 17 отсто удел на пазарот, а годинава 14, додека Опо од 11 падна на 10, а Виво од 10 на девет проценти.

Според аналитичарите на Каналис, прекумерната понуда на телефони од средна класа и цена, доведува до трупање на резерви поради тоа што купувачите поради инфлацијата купуваат телефони со пониски цени и се очекува продавачите да ги засилат промоциите и специјалните понуди во наредните месеци за да ја поттикнат продажба и пред периодот на празници кон крајот на годината.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

A1on

Основно училиште од Кочани забрани мобилни телефони

Милиони Австралијци oстанаа без мобилни и интернет услуги

Телефоните со Android ќе можат да испраќаат и примаат пораки преку сателит – и тоа подобро од iPhone

На летовите во ЕУ ќе можат да се користат мобилни телефони

Испораките на мобилни телефони во Кина драстично се намалија во февруари

А1он