Во супермаркетите на „Кауфланд“ ќе може да се купува со поранешните марки

Од:

Во Германија се уште е присутна носталгијата за некогашната валута – марката. Поради тоа ланецот супермаркети „Кауфланд“ најави дека во текот на месецот ќе ги прима и некогашните банкноти и монети.

Уште од 2002 година, кога е воведено еврото, германските десничари се залагаат за враќање на марката.

Од 4. јануари па се до крајот на месецот секој кој ќе купува во „Кауфланд“ ќе може да ги потроши марките по курс 1,95 марки за едно евро.

Од  „Кауфланд“ наведуваат и дека голем број од производите ќе бидат спакувани во амбалажа од некогашната Западна Германија, во дизајн од 60-те години од минатиот век.

Целта на кампањата е Германците да се вратат на некогашната валута, а се претпоставува дека околу шест милијарди марки се скриени ширум земјата.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија