Во сообраќај нов електромоторен воз на МЖ Транспорт

Од:

Со промотивно возење на релацијата Скопје – Велес денеска ќе биде пуштен во сообраќај нов електромоторен воз на Македонски железници АД Транспорт, набавен од кинеската компанија ЦСР.

На пуштањето во употреба на возот е најавено присуство на премиерот Никола Груевски, министри, претставници на ЦРС и на МЖ Транспорт….

Новиот воз е со капацитет за 200 патници и ќе сообраќа на пругите каде што има електрично напојување. Возот е со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…

Од кинеска ЦРС Македонија набави шест воза, два електромотрони и четири на дизел погон, со вкупен капацитет за 1.200 патници. Според договорот, останатите пет воза треба да бидат испорачани на почетокот на следната година. Инвестицијата за набавката изнесува 25 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска