Во сметките за струја за јануари ќе го нема надоместокот од 200 денари за пристап на мрежа

Од:

Декемвриските сметки биле поскапи за 200 денари надоместок за пристап на мрежа затоа што „Електродистрибуција“ вкалкулирала 200 денари надоместок поради неколку отчитувачки групи кои ги има во периодот од 15 декември до 15 јануари, а според РКЕ не постапила спротивно од одлуката која почна да важи од 1 јануари.

Регулаторната комисија им укажа на Електродистрибуција дека бидејќи во декемвриските сметки веќе го имало надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа, во јануарските сметки да го нема надоместокот за да се тргнат сите сомнежи дека за некого оваа одлука ќе претставува профит.

– Во овие сметки кои се веќе испечатени, ќе остане трошокот, но надоместокот од 200 денари во јануарските сметки нема да го има. Понатаму како што е предвидено со одлуката на РКЕ, ќе си го има надоместокот за пристап до мрежа. Ова го правиме за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит на една компанија – истакна првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Би можело да ве интересира

Будва остана без струја

Горан Наумовски

РКЕ: Цената на струјата за најголемиот дел од потрошувачите од домаќинствата поскапува за 0,5 отсто

Горан Наумовски

Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата

Црногорците проговорија за регионалниот колапс на струјата: Ова не е забележано 30 години

Предраг Петровиќ

Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Поради колапсот со струјата, во Сараево многу граѓани останаа заглавени во лифтовите