Во првите шест месеци од годинава расте извозот, а се намалува увозот

Од:

Македонија во првите шест месеци од годинава извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди долари. Споредено со првата половина од 2012 година се бележи пораст на извозот од 63,071 милиони долари, додека увозот е намален за 2,492 милиони долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите шест месеци од годинава покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,8 отсто што претставува зголемувње за 2,8 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит во овој период, пак, е 1,185 милијарди долари или за 65,563 милиони долари помалку во споредба со првите шест месеци од 2012 година.
Најголемо учество во извозот имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и масла добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, руди на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Најмногу стоки 70,8 отсто се извезени во земјите-членки на ЕУ по што следат земјите од Западен Балкан со 20,3 отсто. Најмногу стоки 59 отсто, пак, се увезени од земјите-членки на ЕУ.

Република Македонија во првите шест месеци од годинава најмногу тргувала со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија. Со овие пет земји е остварена 49,6 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

Орце Костов

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто

Зголемен увоз од Северна Македонија во Косово, по мерките на Приштина против Србија

Царина проверува дали увозниците на земјоделски производи приложувале лажни фактури

Орце Костов

Ново барање на газдите: Да ни се намалат придонесите за плати за да не мора да увезуваме работници од Непал и Турција

Орце Костов