Царина проверува дали увозниците на земјоделски производи приложувале лажни фактури

Од:

Во врска со изнесените сомневања во јавноста дека се приложувани лажни фактури при увозот на земјоделски производи, по извршената анализа за период од 1 јануари до 6 април 2023 година, Царинската управа информира дека на дополнителна проверка на декларираната вредност се испратени фактури приложени кон увозните царински декларации за 11 увозници и тоа во царинските администрации на Грција, Србија, Турција и Албанија соодветно, во зависност од земјата од каде се извезени овие производи.

Врз основа на претходни сомневања за веродостојноост на приложени фактури за увезени земјоделски производи, во декември 2022 година за два од овие увозници, на дополнителна проверка веќе се испратени фактури приложени кон увозни царински декларации до царинската администрација на земјата извозник – Грција.

Согласно меѓународните спогодби со кои се регулира оваа административна соработка меѓу царинските служби, предвидени се рокови од 10 месеци за одговор на овие барања од страна на царинската служба на земјата извозник.

Доколку добиените одговори од царинските администрации ги потврдат сомневањата дека се приложувале лажни фактури при спроведувањето на увозната постапка, Царинската управа за овие увозници ќе покрене постапка за дополнителна наплата на избегнатите давачки, како и постапка за утврдување на прекршочна или кривична одговорност, во зависност од износот на избегнатите давачки.

Царинската управа врши анализа на приложените фактури кон увозните декларации за земјоделски производи и за претходните три години, согласно законски предвидениот рок. Доколку од анализата произлезат сомневања за веродостојност на приложените фактури кон увозните декларации и од други увозници, истите ќе бидат пратени на проверка до царинските служби на земјите од каде се извезени.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Орце Костов

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Царината заплени возило кое пренесувало дрога

Богоев: Преку ефективни реформски политики до поголеми инвестиции и производство со поголема додадена вредност

Горан Наумовски