Во првиот квартал извозот намален за 10,8 проценти, увозот за 6,3

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава, во перидот јануари-март годинава, изнесува 1.552.953.000 долари и бележи пад од 10,8 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во првиот квартал годинава, изнесува 2.116.414.000 долари, што е за 6,3 проценти помалку во споредба со првите три месеци од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари-март годинава, изнесува 563.460.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-март годинава изнесува 73,4 проценти.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во првиот квартал годинава, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, нашата држава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС моментално располага само со еден функционален „Ер трактор“

Во Македонија 98.416 лица се невработени, a 691.736 се вработени