Во прометот на големо најголемо учеството на горивата

Од:

Прометот во трговијата на големо во текот на минатата година изнесува 147.241.830 илјади денари, додека во трговијата на мало прометот изнесува 125.173.188 илјади денари, објави Државниот завод за статистика.

Најголем промет на големо од 37,1 отсто е остварен во групата „Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи“, потоа во групата „Трговија на големо со фармацевтски производи“ која учествува со 12,1 отсто, во групата „Трговија на големо со шеќер, чоколада и зашеќерени производи“ 3,1 отсто, во групата „Tрговија на големо со други прехранбени производи неспомнати на друго место“ со 2,8 отсто, во групата „Трговија на големо со алкохолни пијалаци“ 2,7 отсто, во групата „Трговија на големо со месо“ 2,6 отсто, во групата „Tрговија на големо со месни производи“ 2,6 отсто, во групата „Трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема“ 2,4 отсто.

Според производи поголем промет е остварен кај гасните масла, пури, цигарилоси, цигари од тутун и замена за тутун, делови и прибор за друмски моторни возила, компјутерски машини и нивни делови и прибор, мобилни телефони, пиво…

Кај трговијата на мало по групи на производи, најголем промет од 25,8 отсто е остварен во групата „Трговија на мало со автомобилски горива и мазива“, потоа во групата „Други на друго место во номенклатурата неспоменати производи“ 11,3 отсто, во групата „Трговија на мало со козметички и тоалетни производи“ 4,1 отсто, во групата „Трговија на мало со аудио и видеоопрема и телекомуникациска и информатичка опрема“ 3,9 отсто, во групата „Трговија на мало со млечни производи“ 3,7 отсто, во групата „Трговија на мало со тутунски производи“ 3,7 отсто, во групата „Трговија на мало со пекарски производи“ 3,6 отсто, во групата „Трговија на мало со овошје и зеленчук“ 3,2 проценти…

Поголем промет е остварен кај пурите, цигарилоси и цигари од тутун и замена за тутун, надворешни гуми, пневматски гуми за моторни возила, бои и лакови врз база на  полимери, делови и прибор за друмски моторни возила, печатени весници, печатени книги, моторен бензин, компјутерски машини и нивни делови и прибор и други производи.

Би можело да ве интересира

Намален прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун

Вкупната трговска размена лани 20.424.810 илјади евра, трговскиот дефицит 3.825.646 илјади евра

Нови 40 компании се приклучија на балансната група на „РЕС“

Данас: Српскиот извоз во Русија во јуни е зголемен за 30 отсто во однос на истиот месец лани

Осигурителите го зголемија просторот на ризични области во Црното и Азовското Море

А1он

Почна примената на Договорот за поедноставен транспорт на храна меѓу Македонија, Србија и Албанија

А1он