Во Прилеп вработени 500 лица преку владините програми за самовработување

Од:

За пет години откако се спроведуваат владините програми за поттикнување на вработувањето, во Прилеп со можностите за самовработување преку кредитирање се вработени 500 луѓе, информираат од Бирото за вработување во Прилеп.

– Владините програми се ефикасни. Отворени се работни места за 500 прилепчани откако од 2007 година се спроведуваат проектите. Тоа значи дека се активирани 384 семејни бизниси, вели Силвана Пашоска раководителка на Бирото.

Пашоска нагласува дека успешноста на опстојувањето на семејните бизниси е голема во Прилеп и изнесува дури 85 проценти. Ако до 2010 година најмногу се поддржуваа индивидуалните земјоделци и трговците, последниве две години се кредитира отворањето фирми и тоа во производствената и непроизводствена дејност.

Според податоците од Бирото за пет години се намалил бројот на невработени прилепчани. Ако во 2007 бројката била 24.800 сега во Прилеп се евидентирани 17.100 невработени лица. Од Агенцијата за вработување очекуваат голем интерес и со новите конкурси за владините проекти за самовработување со кредитирање.

Би можело да ве интересира

Нема да има криза во владината коалиција, смета Касами

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница

Вучиќ: Курти се јави на својот потрчко во македонската влада да пише соопштение против мене

Влада: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ денеска во Владата барање за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите

Владата е обединета, единствена, имаме чиста двотретинска поддршка, тврди премиерот Мицкоски