Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на тутунот

Од:

Сојузот на тутунските здруженија на Македонија во соработка со општина Прилеп денеска, по четврти пат, го одбележа Меѓународниот ден на одгледувачите на тутун.

На плоштадот „Александрија“ во центарот на градот претставници на тутунарите и на тутунските здруженија ги претставија аспектите на тутунопроизводството во Македонија.

Според Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунските здруженија на Македонија, оваа манифестација е четврта по ред, откако Сојузот стана членка на европската Интернационална асоцијација на Сојузи на тутунските здруженија со седиште во Лисабон, Португалија,

– Го одбележуваме овој ден да кажеме дека остануваме верни на одгледувањето на тутунот, што е кај нас долга традиција, а оваа култура е стратегиска за Македонија. Упатуваме порака до Владата да не поддржува и понатаму, изјави Милески.

На прагот на откупот на годинашнава култура Сојузот не очекува проблеми.

– Не очекуваме проблеми. Иако помала имаме многу квалитетна реколта и очекуваме да постигнеме добра цена. Во моментов тутунот е егзистенција за 150.000 македонски жители или за околу 28 до 30.000 тутунарски семејства. Откупувачите пријавија 25,5 илјади тони тутун, но реколтата реално е 19.000 до 20.000 тони. Очекуваме да постигнеме повисока просечна откупна цена од ланската од 182 денари за килограм, вели Милески.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески нагласува дека тутунот во прилепскиот регион значајно учествува во локалната економија.

– Тутунот е дел од локалната економија, егзистенција за многу прилепски семејства и се надеваме дека тутунарите годинава ќе постигнат добра откупна цена, изјави Ристески.

Според Гордана Мицеска, директор на Институтот за тутун, оваа стратегиска култура во приходот на Македонија учествува со речиси 20 проценти и останува како стабилна индустриска гранка.

– Ориенталскиот тутун што се одгледува е баран на пазарот и учествува со 5 до 6 проценти во цигарите и затоа тутунопроизводството има иднина во земјава, рече Мицеска.

Тутунарите од речиси сите краишта на Македонија пред прилепчани го претставија своето производство и очекувањата за добра цена.

– Имавме многу квалитетна реколта и сега очекуваме како откупувачите ќе го ценат тутунот. Очекуваме да постигнеме повисока откупна цена, вели Ристо Тодоров од Радовиш.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски