Во Појасот Газа ќе се гради фабрика на компанијата „Кока-кола“, чија вредност изнесува 20 милиони долари, а се очекува да започне со работа кон крајот на следната година.
Израелската армија соопшти дека денеска им дозволила влез на девет камиони на палестинската територија со машини за фабриката.
Имад Хинди, директор на палестинската компанија, која ја добила лиценцата за производство на овој газиран пијалок, изјави дека со изградбата на фабриката ќе се отворат 300 работни места во оваа сиромашна територија, каде нивото на невработеност изнесува најмалку 40 проценти.