Во октомври годинава за 31 отсто се издадени помалку одобренија за градење во однос на октомври лани, но предвидената вредност на објектите е повисока за 45,7 отсто во однос на истиот период.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во октомври се издадени 276 одобренија за градење.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.815.745 илјади денари, што е за 45,7 отсто повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 или 57,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 48 или 17,4 отсто за објекти од нискоградба и 70 или 25,4 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 276 објекти, на 157 или 56,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 или 43,1 отсто објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1591 стан, со вкупна корисна површина од 116 486 м2.