Во недела почнува грејната сезона, цената останува иста

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија грејната сезона започнува на 15 октомври 2023 година и завршува на 15 април 2024 година, со можност да се продолжи уште 15 дена во зависност од надворешните температури.

„Сведоци сме дека деновите во овој период од годината се потопли, а и прогнозираните температури што ги добиваме од хидорометеролошката управа го покажуваат истото. Сепак, грејната сезона започнува на 15 октомври и снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степени целзиусови. Цената на топлинската енергија останува иста. Нова одлука ќе биде донесена откако цевководот на мостот Беласица ќе биде поставен, со што ќе се овозможат услови за детален пресек на трошоците“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

РКЕ апелира до сите потрошувачи на регулираниот пазар: институциите и домаќинствата да продолжат со рационално трошење на енергијата исто како во изминатата грејна сезона.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: СДСМ ја злоупотребува одлуката на РКЕ за дневен популизам

СДСМ: Неспособното ДПМНЕ и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

A1on