Во металната индустрија многу малку жени

Од:

Во секоја професија може да се биде успешен ако се сака, независно дали сте маж или жена. Предрасудите за жени-менаџери полека се надминуваат, но ако уште постојат, лесно се кршат, смета сопственичката на компанијата „Завар“ и претседател на Македонската асоцијација на металната и елетро-индустрија Марта Наумовска-Грнарова.

Според Наумовска-Грнарова, металната индустрија во која спаѓа и нејзината компанија, не е типично женска. Доминираат мажи и секогаш е малку чудно кога жена ќе се појави како претставник на некоја фирма од овој сектор. Тоа е забележливо не само во Македонија, туку и надвор.

– Се занимаваме со метална индустрија која воопшто не е типично женска. Во металната индустрија многу ретко има жени, што покажува дека тие не се доволно застапени во овој сектор, изјави денеска Наумовска-Грнарова по разговорите со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој ја посети „Завар“.

Секоја професија, додаде директорката, нуди различни убавини и начини за изразување. Притоа, разликите меѓу мажите и жените може позитивно да се искористат.

Амбасадорот Тимоние истакна дека Франција е многу активна во унапредувањето на правата на жените. – Тоа е вистинскиот клуч за развој и сите таленти кои се развиваат со помош на жените е добро за целото опоштество. Во политиката мажите направија голем број грешки, можеби е дојдено време да се обидеме со повеќе жени. Тешко дека ќе може да биде полошо, рече Тимоние.

„Завар“ постои од 1988 година, а се занимава со производство на висококвалитетна опрема под притисок и процесна опрема за фармацевтската и хемиската индустрија. Последните пет години, извезува 80 отсто од производство. Паралелно развива и дизајн бренд, за радијатори, кој е во подем и се пробива во светот. Наумовска -Грнарова е втора генерација и веќе 20 години работи во компанијата.

– Претпријатието може да послужи за пример, зашто извезува голем дел од своите производи, може да ја претстави Македонија во поинакво светло и да ја приближи во Европа, потенцира францускиот амбасадор.

Со оглед дека денес се слават правата на жените, дополни, беше многу важно да се избере претпријатие каде жените заземаат значајно место и се на еднакво рамниште со мажите.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата