Во мај зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

Од:

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во мај годинава, се повисоки за 0,6 проценти на месечно ниво, а се пониски за 0,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во мај во споредба со април годината продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 2,4 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 0,2 проценти, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 3,4 проценти.

Во мај оваа година во споредба со истиот месец лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 3,5 проценти, а во секторите „преработувачка индустрија“ и „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ се пониски за 0,5 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто