Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска во организација на младинската „Мулти Култи“, се одржа завршна конференција на проектот „Motiv8 – Women in Code“, кој има за цел мотивирање на младите жени поактивно да се вклучат во ИТ секторот.
На конференцијата припадничките на понежниот пол, инаку успешни во ИТ секторот, одржаа панел дискусија со младите од Куманово и ги пренесоа позитивните искуства од својите професии на учесниците во панел дискусијата.
– Целта на овој настан е преку позитивни примери да се поттикнат младите да работат во ИТ секторот. Конференцијата има за цел да го мотивира женскиот дел од популацијата да започне да се занимава со програмирање и да одберат повеќе професии од ИТ секторот, кој се уште се смета за доминантно машки сектор, изјави Александра Михајловска од „Мулти Култи“.
На панел дискусијата беа пренесени позитивните искуства на успешните девојки од овој сектор, а учесниците имаа можност да се информираат непосредно за напредувањето во кариерата и можностите за напредување и развој. Претходно,во рамки на проектот биле одржани работилници наменети за девојки и жени кои се заинтересирани за програмирање.
Целта на работилниците била да се поддржат девојките за избирање на професии од ИТ секторот. Преку работилниците тие се запознавале со основите на кодирањето, начините тоа да се изучува и имаат можност да работат на практичен пример на развивање на нашата платформа за online учење. Сите работилници биле водени од програмерки кои имаат усешна кариера во своето поле на работа.
Проектот финансиски е поддржан од УНДП – Програма за развој на Обединетите Нации и ќе продолжи да се разлизира во наредните месеци, со тоа што секој месец ќе има различна професија. Наредниот месец, информираше Михајловска ќе биде посветен на уметностите.