Во Куманово издадени 86 дозволи за градење по електронски пат

Од:

До секторот за урбанизам од општина Куманово се доставени 137 барања за дозвола за градење, по електронски пат, а досега се издадени 86.

– Согласно Законот за градба, за издавањето електронски дозволи, граѓаните исклучиво може да аплицираат по електронски пат и да добијат одобрение за градба. Издадени се дозволи и на физички и на правни лица, вели раководителот на секторот Лидија Ланг Спасовска.

Најголем интерес има за индивидуални објекти, а потоа  и за станбени и индустриски објекти. Од 15 до 20  проценти од барањата се однесуваат на изградба на колективни станбени објекти.

– Интензивно се гради на подрачјето на целата оштина, а најатрактивни локации за градба, според барањата доставени до секторот, се разбира се централното градско подрачје, околу кумановската гимназија, во населбите „Зелен Рид“,„Гладно поле“ и „Тоде Мендол“, информира Ланг Спасовска.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Болна е обвинетата градежна инспекторка од Куманово, судот денес ја одложи расправата

Градежна инспекторка од општина Куманово заработи кривична пријава од МВР

Кумановец заработи пријава: Со остар предмет сакал да убие познаник

Девојче е првото бебе во Куманово

Адвокатите на починатата родилка од Куманово откриле недоследности во државните извештаи

Горан Наумовски