Во Кина има над 240 милиони возила

Од:

Кинезите во изминатата година купиле повеќе од 15 милиони нови возила со што вкупниот број на автомобили на патиштата во државата е над 240 милиони.

Од сите возила, половината се патнички, соопшти Министерството за јавна безбедност.

Во 1999 година во Кина имало помалку од 15 милиони автомобили. Само лани се издадени нови 26,5 милиони возачки дозволи.

Толку немало возачи во цела Кина во 1997 година, објави Маркет воч.

Во Кина денеска има повеќе од 260 милиони возачи. Според прогнози на Кинеското здружение на производители на автомобили, продажбата на патнички автомобили оваа година ќе биде поголема за 8,5 отсто и ќе достигне околу 16,8 милиони.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала