Во Кавадарци обука за органско земјоделско производство

Од:

Обука за органско земјоделско производство се одржува денеска во Кавадарци, како дел од проектот на Програмата за развој на Обединетите нации УНДП, имплементирана од Центарот за развој на Вардарскиот плански регион. Проектот е насловен „Поддршка и промоција на препознатливо стопанско туристички настани и мапирање на форми на рурален туризам”.

– Целта на оваа обука е да се соберат сите индивидуални земјоделци од Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Росоман, кои произведуваат земјоделско  производство и да се запознаат со сите бенефити на самото органско производство. Органското производство е тренд во денешно време. Оваа обука е последна во оваа сесија на обуки кои ги одржува Центарот за развој при Вардарскиот плански регион, откако претходно имавме слична ваква обука наменета за микрорегионот Свети Николе и Лозово, рече во изјава за медиумите,  Снежана Митрова од Вардарски плански регион.

Предавач е Иван  Стојанов, дипломиран инженер агроном.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници