Во јуни просечното искористување на капацитетите 60,9 отсто

Од:

Економската состојба на деловните субјекти во јуни 2013 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на јуни 2012 година, додека просечното искористување на капацитетите изнесува 60,9 отсто, велат раководителите на компаниите.

Според нив, како што соопшти Државниот завод за статистика, обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Обемот на производството во јуни 2013 година е поповолен во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, додека очекувањата за бројот на вработените се поповолни.

Во јуни 2013 година залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готови производи се зголемени во споредба со претходниот месец. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 26,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 20,2 процента, финансиските проблеми со 9,8 отсто и конкурентниот увоз со 9,1 процент.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана